Бледата Словенија со бод против Шкотска

26.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бледата Словенија со бод против Шкотска
ФОТО:x.com/nzs_si

Во меч од “нашата“ Б Лига на Нации група 1, Словенија и Шкотска одиграа 0:0 попладнево во Љубљана.

Интересен меч во кој гостите имаа повеќе шанси, бараа победа и три бода. Домашните пак подобро го отворија мечот, во 8.минута им беше поништен гол, во 31.минута Матко имаше зицер а две минути подоцна Дркушиќ ја погоди стативата на Шкотска. И од тој момент па до крајопт Шкотска беше таа која што доминираше. Во 45.минута Уре ја погоди стативата на Јан Облак, а потоа се редеа шансите пред домашниот гол. Неколку зицери, потоа и одбрани на Облак, но немаше гол.

Па така на крајот и двете селекции мораа да се задоволат со по бод, иако за другите два Шкотите беа тие кои што мора да жалат.

Познато е дека веќе во вторник Македонија игра со Словенија во Љубљана, а на 03.10. играме против Шкотска на свој терен во Скопје.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата