Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, жестоко реагираше кон судиите за време на убедливиот пораз од Шпанија со 4:1 во Севиља, во второто коло од Лигата на нациите.
Во 75. минута, при резултат 3:1 за домаќините, Билиќ сметаше дека топката ја напуштила играта и дека требало да биде досуден аут за Хрватска. По продолжувањето на акцијата на Шпанците, хрватскиот селектор целосно го загуби трпението. Билиќ излезе од техничкиот простор и жестоко гестикулираше кон помошниот судија.
„Идиоте еден! Идиоте еден, што ме гледаш? Толку е надвор!“, извика Билиќ, а неговата реакција јасно се слушна и во телевизискиот пренос.
Инцидентот не промени ништо на теренот, а Шпанија до крајот постигна уште еден гол и стигна до убедлива победа од 4:1. Нико Вилијамс го постави конечниот резултат во 89. минута.
Slaven Bilic ne cini odjelo gospodina pic.twitter.com/0ipAd90NRR
— db (@db300595) September 29, 2026

