За само 15 минути биле распродадени сите билети за последниот репрезентативен натпревар на Един Џеко во дресот на Босна и Херцеговина. Џеко на 2 октомври на стадионот „Билино Поље“ во Зеница ќе го одигра својот проштален натпревар за националниот тим, против Шведска.
На стадионот се очекуваат околу 11.000 гледачи, кои ќе имаат можност во живо да му оддадат почит на капитенот по речиси две децении во репрезентативниот дрес. Билетите биле пуштени во продажба преку платформата на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина и исчезнале за само неколку минути.
Џеко одлуката за повлекување ја донесе по 151 настап и 73 постигнати голови за Босна и Херцеговина.

