Барселона ја пријави огромната кореографија кај делегатот на УЕФА, на која бил прикажан маскиран лик, налик на Џејсон Ворхис од познатиот хорор-серијал „Петок 13-ти“, со моторна пила со која го уништува грбот на каталонскиот клуб, додека наоколу прска крв. Покрај сцената стоел натписот „Massacre à la parisienne“, односно „Масакр на париски начин“.
Кореографијата била истакната на трибината на најжестоките навивачи на ПСЖ пред почетокот на натпреварот, а нејзината порака очигледно била насочена против Барселона. Сцената била дополнително нагласена со пиротехнички ефекти, кои симулирале искри од моторната пила.
Барселона барала отстранување на транспарентот „Барса е ку*ва“
Тоа не бил единствениот инцидент што ѝ пречел на Барселона. Навивачите на ПСЖ истакнале и помали транспаренти со навредливиот натпис „Puta Barça“ („Барса е ку*ва“), а каталонскиот клуб побарал нивно отстранување.
Според пишувањата на шпанските медиуми, Барселона е незадоволна и од начинот на кој ваквите транспаренти биле внесени на стадионот, со оглед на безбедносните контроли што се спроведуваат на натпреварите од ваков ранг.
Случајот сега би можел да добие и дисциплинска разрешница. УЕФА ќе ја разгледа пријавата, а на ПСЖ потенцијално му се заканува казна поради содржината на кореографијата и однесувањето на дел од навивачите.

