Барса ќе мора без Феран Торес на мечот во Прага

19.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса ќе мора без Феран Торес на мечот во Прага
ФОТО: FC Barselona/X

Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, го заврши натпреварот од Ла Лига против Реал Сосиедад (1:2) со непријатност во бутот и поради тоа нема да биде дел од тимот кој заминува на мечот од Лигата на шампионите.

Шпанецот нема да лета со тимот за Прага, каде што Барселона ја очекува натпреварот од Лигата на шампионите против Славија во среда.

Се верува дека играчот има мала повреда на тетивата, па затоа неговото учество во натпреварот против Овиедо во недела не е исклучено. Достапноста на Феран ќе зависи од неговата состојба. Торес веќе отсуствуваше повеќе од една недела кон средината на октомври поради истегнување на бутот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата