Атлетико (М) се „распадна“ во Билбао

5.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Атлетико (М) се „распадна“ во Билбао
фото: Atlético de Madrid @Atleti (X)

Атлетик Билбао забележа убедлива победа од 3:0 над Атлетико Мадрид во дербито од четвртото коло на Ла Лига. Един Терзиќ го надмудри Диего Симеоне и стигна до втората победа во низа со баскискиот тим.

По лошиот старт на сезоната и двата порази, Атлетик очигледно ја подигна формата. Клучниот момент на натпреварот се случи веднаш по паузата, кога Нико Вилијамс погоди за 1:0 во 46. минута.

Само две минути подоцна, Роберт Наваро го зголеми водството на 2:0 и го стави Атлетико во сериозни проблеми. Гостите се обидоа да се вратат во натпреварот, но домаќините одиграа цврсто и дисциплинирано во одбраната. Во судиското продолжение Ојан Сансет го постигна третиот гол и ја запечати големата победа на Атлетик.

За Атлетико Мадрид ова беше првиот пораз сезонава, по две победи и едно реми во првите три кола.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата