Аресенал се пласираше во финалето на Лигата на шампионите за прв пат по 20 години. „Топџиите“ го победија Атлетико Мадрид со 1:0 на „Емирати“ со голот на Букаја Сака. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше натпреварот.
„Беше неверојатна ноќ да се живее со играчите и сите други од клубот. Чувството е фантастично. Сè што правиме и низ што поминуваме сега има смисла. Гледам среќни и горди лица околу мене. Беше неверојатно од самиот почеток. Навивачите нè пречекаа пред стадионот, ни ја пренесоа својата енергија и страст. Тие поставија стандард и ние ги стигнавме. Со години сакавме да ги направиме горди“, изјави Артета и додаде:
„Она што најмногу ме импресионираше кај мојот тим беше единството. Ги собрав на последниот тренинг и им се извинив. Реков дека ќе играат со истиот тим како и минатиот пат. Сите велеа дека одлуката е до мене и дека се достапни колку што се потребни. Потоа ме прегрнаа.“
Да ве потсетиме, единствениот пат на Арсенал во финалето на најелитното клупско натпреварување беше во 2006 година, кога загубија од Барселона.

