Арсенал со минималец се врати на врвот

20.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал со минималец се врати на врвот
фото: Arsenal (X)

Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа врвот во Премиер Лигата.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Виктор Ѓокерес од пенал во 27-та минута. Арсенал беше подобриот ривал и имаше шанси и да го зголеми своето водство, но Евертон успеа да се одбрани и да не дозволи дебакл на свој терен.

Во вториот натпревар кој се одигра вечерва Лидс Јунајтед го изенади Кристал Палас и убедливо го совлада со 4:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата