Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов, иако има само 17 години е пик на речиси сите поголеми клубови во Европа. Несудениот македонски репрезентативец, детето кое по потекло е Македонец, е новата ѕвезда на српскиот фудбал.
Иако е тинејџер, тој и вчера во Малме покажа зошто е баран на сите страни, беше стрелец на убав гол за победа на Ц.Звезда во Лигата на Европа.
Според football.london, Арсенал е во потрага по тинејџерската сензација Василије Костов. 17-годишниот играч од средниот ред е желбата на гигантот од Премиерлигата. Костов е наречен „српскиот Педри“ и „балкански Барела“, а наводно е на маса понуда од 17 милиони фунти (20 милиони евра) за играчот, кого лидерите во Премиер лигата, Арсенал, сè уште го следат.

