Арсенал ремизираше со Ливерпул и побегна од Сити со предност од шест бодови

8.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал ремизираше со Ливерпул и побегна од Сити со предност од шест бодови
Фото: Ливерпул Х

Арсенал и Ливерпул ремизираа без голови во дербито од 21. коло на англиската Премиер лига.

Ова можеше да биде клучен натпревар во англиското првенство, каде Арсенал со победа можеше да се одвои на дури осум бодови пред првиот следбеник. Но, Ливерпул успеа да издржи и остане непоразен во Лондон.

Со овој нерешен резултат, Арсенал ја прекина серијата од пет последователни победи во првенството. Топчиите доминираа во првото полувреме, но Ливерпул имаше најдобра шанса кога Конор Бредли искористи недоразбирање меѓу Давид Раја и Вилијам Салиба, но не успеа да постигне гол. Играчи на Арсенал често влегоа во казнениот простор на Ливерпул, но никој не успеа да затресе мрежа.

Ливерпул беше подобар во второто полувреме, контролираше средината на теренот, но не успеа да создаде вистинска шанса за гол. Тимот на Арне Слот остана непоразен во последните десет натпревари. Арсенал скоро постигна решавачки гол во последната акција на мечот, но топката не влезе во морежата на противникот.

Манчестер Сити направи кикс во средата вечерта. Не успеа да го победи Брајтон и така му остави шанса на Арсенал да создаде поголема разлика. Но, тимот на Микел Артета одигра еден од најслабите натпревари оваа сезона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата