Арбелоа бесен по грешката на Реал Мадрид: Судиите во Шпанија не го разбираат фудбалот

25.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арбелоа бесен по грешката на Реал Мадрид: Судиите во Шпанија не го разбираат фудбалот
фото: Real Madrid CF (X)

Ако имаше каква било надеж дека Реал Мадрид може да ја освои Ла Лига оваа сезона, таа беше уништена синоќа во Севиља. Реал Мадрид ремизираше 1-1 со Бетис во 32-то коло, па сега заостанува осум бода и има натпревар помалку од Барселона.

„Кралскиот“ клуб водеше на „Ла Картуха“ од 17-та минута со голот на Винисиус, но Белерин му донесе бод на Бетис во длабокото судиско продолжение, во 94-та минута.

Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, беше многу лут по натпреварот, секако им замери на судиите за уште една грешка. Тој верува дека непосредно пред голот на Белерин имаше чист фаул врз Ферланд Менди.

„За мене, тоа е јасна ситуација. За тоа мора да се разбере фудбалот и тука доаѓаме до проблемот… Луѓето кои треба да ги донесат тие одлуки дали бил фаул или не, не го разбираат фудбалот. Тие не знаат, ниту разбираат“, рече Арбелоа.

Реал Мадрид прими гол во судиското продолжение по четврти пат во шест натпревари.

„Уште едно разочарување во последните минути, што ни се случи многу пати и за кое не мислам дека го заслуживме. Имавме шанси, имавме пенал во првото полувреме, што можеше да го запечати натпреварот.“


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата