Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона.
Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да биде во натпреварувачки режим веднаш по Нова Година.
Се очекува Араухо повторно да почне да тренира со остатокот од тимот до крајот на неделата, но дуелот со Виљареал овој викенд е сè уште рано за да биде во составот.
Тој ќе биде достапен за градското дерби со Еспањол, кое е закажано за 4 јануари.
За потсетување, Араухо имаше напади на анксиозност, побара од клубот да се повлече и целосно да се посвети на своето закрепнување, во рамките на кое отиде на духовно патување во Ерусалим.
Уругваецот западна во криза откако се најде на мета на навивачите и јавноста по исклучувањето против Челзи на Стемфорд Бриџ.

