Анализите велат: Барселона повторно ќе ја освои титулата во Шпанија

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анализите велат: Барселона повторно ќе ја освои титулата во Шпанија
фото: FC Barcelona (X)

Барселона е првн фаворит за освојување на титулата во новата сезона н ашпанската Ла Лига. Ова е дел од истражувањето кое го спроведе компанијата  „Опта“.

Суперкомпјутерот на „Опта“ направил проценка на веројатноста Каталонците да ја освојат титулата и истата во проценти изнесува 46,5%. Реал Мадрид е втор фаворит (32,1%), а Атлетико Мадрид е трет (11,7%).

Во првите 5 се и Виљареал (3,7%) и Атлетик Билбао (2,9%), а останатите тимови имаат помалку од 1% шанси да ја освојат титулата.

Новата сезона во Ла Лига започнува во петок, 15 август.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата