Тотенхем би можел да изгуби десетици милиони фунти ако испадне од Премиер лигата или не успее да учествува во европските натпреварувања.
По 26 натпревари, Спарс се наоѓаат на 16-то место во Премиер лигата, пет бода над зоната за испаѓање. Доколку лондонскиот клуб заврши во Чемпионшип, некои спонзори ќе имаат право еднострано да ги раскинат договорите со Тотенхем , тврди „Телеграф“.
Договорот на клубот со еден од неговите водечки комерцијални партнери истекува ова лето и постојат сомнежи дека ќе биде обновен. Тотенхем, исто така, ќе ги изгуби профитабилните спонзорски бонуси доколку не успеат да учествуваат во европските натпреварувања следната сезона.
Финансиската состојба е под влијание и на фактот дека лондончани сè уште не го продале името на стадионот, чија изградба чинеше 1 милијарда фунти.

