Хрватската водителка и новинарка Валентина Милетиќ многу од своите фанови ги потсетува на популарната Италијанка Дилета Леота, која е најпознатата спортска репортерка во светот и се чини дека таа полека почнува да оди кон таа цел.
Оваа поранешна манекенка и кралица на Далмација во 2011 година реши да се посвети на новинарската кариера, а покрај во ХНТВ работи и во Националното радио и каналот Арена спорт како водителка.
„Пораснав со спортот, секогаш гледавме фудбал дома и беше најнормална работа татко ми да ме носи на натпревар за време на викендите – па се заљубив во таа приказна и во помпата што секогаш ја има околу спортот. Позади фактот дека нема многу работи што можат да предизвикаат такви емоции кај онолку луѓе колку што може спортот, а потоа, се разбира, посебен шарм е да се работи на спортските терени затоа што имаш моќ да им го пренесеш на другите “, изјави таа неодамна за Story.
Таа има повеќе од 20.000 следбеници на својот Инстаграм профил, а ветувањето го исполнила дека ќе одговара на прашањата на обожавателите. Едно од многуте прашања беше колку често луѓето ја споредуваат со Дилета, на што таа одговори многу кратко: „Дефинитивно премногу, а најмногу регионалните портали го прават тоа. Не гледам некоја голема сличност меѓу нас освен руса коса“.