Зевијер Маск, 18–годишниот син на Илон Маск, поднел барање до судот законски да го смени полот од машки во женски, но и да се ослободи од презимето.
„Не сакам повеќе да живеам, а да бидам поврзуван со мојот биолошки татко на кој било начин и во каква било форма или облик“, наводно пишувало во документите доставени до судот, а пренесува Дејли меил.
Зевијер ја поднел документацијата во судот во Санта Моника, Калифорнија, во средината на април и побарал во иднина да се вика Вивијан Џена Вилсон. Трансродовата тинејџерка објаснила дека сака да го земе презимето на мајка си за да се дистанцира од нејзиниот татко.
Не коментирала дали добила финансиска поддршка од нејзиниот татко, ниту пак појаснила дали нејзиното дистанцирање од татко и важи и за парите што ги добива.
Нејасно е што се крие зад потезите на овој тинејџер на ваков јавен начин, а не е познато дали Маск бил свесен за планот на своето дете.
Да потсетиме, најбогатиот човек на светот беше мета на критики во последните месеци поради неколку коментари за кои многумина тврдеа дека се трансфобични. Имено, Маск се пожали на луѓето кои користат родово неутрални заменки, а призна дека е обожавател на гувернерот на Флорида Рон Десантис, кој донесе закон со кој се спречува дискусијата за родовиот идентитет и хомосексуалноста во училниците со деца.
Да потсетиме, Маск го доби Зевијер со својата прва сопруга – канадската писателка Џастин Вилсон, а парот беше во брак осум години.
„Кон крајот на пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна ми испрати порака дека е свршен со убавата британска актерка Талула Рајл, која е во раните дваесетти години и која поради него се преселила во Лос Анџелес. Тогаш помислив дека мојот живот со тој човек, татко на моите пет деца, се претвори во клише“, открила своевремено поранешната госпоѓа Маск.
Џастин рекла и дека била стартер сопруга, објаснувајќи што всушност значи тоа. Имено, парот се запознал додека Илон бил уште студент, а таа го следела низ животот и бројните подеми и падови, а на крајот ја заменил со „понова манекенка“, како таа да е телефон, а не личност. Џастин изјавила и дека поради правната дупка во договорот, кој го потпишала два месеци по венчавката, останала без ништо што го стекнала во бракот со Илон.
Парот инаку добил пет сина преку ин витро оплодување, близнаците Грифин и споменатиот Зевијер и тројката – Кеј, Саксон и Демијан, а се разведе во 2008 година. Џастин подоцна го обвини дека се обидел да ја претвори во „жена трофеј“ и дека таа тоа го презирала.
„Не бев заинтересирана за ботокс, шминка или отстранување на лузни од царски рез. И без разлика колку прамени ставив, Илон ме тераше да бидам русокоса. „Стани платинеста“, постојано ми велеше, а јас одбивав, рекла првата сопруга на Маск.