Изјавата на американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд дека Америка ќе ги поддржи украинските напади на Крим во Русија беше дочекана како потврда дека Вашингтон ја охрабрува Украина на нова ескалација, пишуваат медиумите.
Сепак, можниот напад на Крим, истакнуваат руски воени експерти, е однапред осуден на пропаст бидејќи полуостровот е максимално заштитен: го чуваат маринци, системи за противвоздушна одбрана, бродови…
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјавата на Нуланд дека воените објекти на Крим се легитимни цели за Украина и дека Америка ја поддржува уште еднаш ја потврдува вмешаноста на САД во конфликтот во Украина.
– Таа си дозволи цела низа зачудувачки и апсурдни изјави. Уште еднаш, мораме да го истакнеме вмешаноста на САД во конфликтот во Украина – тие ги снабдуваат со оружје во огромни количини, обезбедуваат разузнавачки информации, учествуваат во планирањето на воените операции – рече Захарова.