Радмило Арменулиќ го гледал „ТОМА“ и баш е бесен: Силвана е претставена како ЛЕСНА ЖЕНСКА!

3.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Радмило Арменулиќ го гледал „ТОМА“ и баш е бесен: Силвана е претставена како ЛЕСНА ЖЕНСКА!

Радмило Арменулиќ го изгледал филмот „Тома“ на првиот ден од новата година, кога и се емитуваше на малите екрани, исто како што и најавил кон крајот на септември минатата година – дека ќе го направи тоа – штом филмот се емитува на телевизија. Поранешниот спортист, како што пренесува српски Курир, смета дека неговата покојна сопруга Силвана Арменулиќ била претставена како лесна жена и дека настаните поврзани со нив се невистинити.

– Ги исполнувам моите ветувања. Сега се подготвувам да излезам од дома и накратко ќе ви ги кажам моите впечатоци. Го гледав филмот и, пред, се морам да кажам дека актерите играа многу добро. Сепак, видов настани кои не постоеја. Како прво, Силвана никогаш не зборуваше со босански акцент. Тоа можете да го проверите и на Интернет, каде што има снимка од нејзиното интервју кое таа го даде за медиумите во тоа време. Понатаму, пред нејзината врска со мене, во 1958 година, таа се забавуваше со еден аптекар од Нови Сад по име Ѓука – тврди Арменулиќ и продолжува: – Откако ја прекинаа врската, со мене се запозна во 1959 година и оттогаш постојано бевме заедно, секој ден. Не се делевме. Се венчавме две години подоцна. Можеби Тома бил во некаква емотивна врска, но не со мојата Силвана. Исто така, никогаш не сум слушнал да пеат заедно. Се венчавме тајно затоа што тогаш не смеев да им кажам на родителите, бидејќи таа беше пејачка, открива Радмило.

Radmilo Armenulić, PrintScreen YouTube

Тој имал коментар и за тоа како е претставен неговиот лик во филмот.

– Е тука пукнав од смеење. Нема врска со мене. Се испостави како јас да сум и син на Силвана. Исто така, сите се пониски од Тома, а во реалниот живот тој беше многу низок човек. Цуне и Тозовац се претставени на смешен начин. Не можам да кажам, Тома беше извонреден музичар и текстописец, но од друга страна, коцкар и алкохоличар. Се е невистинито, категоричен е поранешниот тениски ас. Според него, најмногу му пречело тоа што Силвана била претставена како неморална жена.

Silvana Armenulić

– На почетокот ја покажуваат гола, во гаќички и градник, што не е во ред. Се покажа како да е лесна жена. Луѓето кои не ја познаваат можат да создадат погрешен впечаток за неа. Кога приказната со Том беше прикажана во филмот, се роди нашата ќерка. Значи сè вкупно нема никаква врска со вистината. Мојата ќерка нема намера да го гледа филмот, вели тој.

Силвана загина на 10 октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај местото Колари, враќајќи се од концерт во Александровац. Со неа тогаш починале и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ и виолинистот Раде Јашаревиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата