Папата им ги мие и бакнува нозете на затворениците (ВИДЕО)

14.04.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата им ги мие и бакнува нозете на затворениците (ВИДЕО)

Претходниците на Франциска на тронот на св. Петар служеле миса на Велики четврток во базиликата Св. Петар или во Римската катедрала. Но, од 2013 година, кога беше избран за папа, Франциск продолжи да ја негува традицијата што ја воспостави додека беше надбискуп на Буенос Аирес, а тоа е да служи миса во затвори или домови за стари и изнемоштени лица.

Оваа година Франциск избрал нов затворски комплекс во пристанишниот град Чивитавекија северозападно од Рим. На видеото објавено од Ватикан се гледа како Папата им ги мие и бакнува нозете на дванаесет затвореници, мажи и жени од сите возрасти.

„Ние свештениците треба први да им служиме на другите, а не да ги експлоатираме“, им рече тој на затворениците во кратката импровизирана проповед за време на мисата во затворската капела. „Тоа е начин да се каже: „Не осудувам никого. Се обидувам да им служам на сите“, рече тој. „Господ ќе ви суди, но е подготвен и да ви прости“, им порача Папата на затворениците.

Поради ограничувањата со пандемијата на Ковид-19, последните две години обредот Велики четврток се одржува во скратена, адаптирана форма во рамките на Ватикан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата