Откриена риба во чии вени тече зелен антифриз (ДЕТАЛИ)

21.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриена риба во чии вени тече зелен антифриз (ДЕТАЛИ)

Научниците кои го истражувале морето во близина на Гренланд дошле до многу необично откритие. Имено, додека дупчеле длабоко во ледениот брег, откриле риба со светлечки зелен антифриз кој тече низ нејзините вени.

Младиот шарен полжав (Liparis gibbus) содржел најголемо количество антифриз протеин некогаш забележано кај риба.

Исто како што антифризот помага да се регулира температурата на моторот на автомобилот во екстремни услови, одредени видови риби еволуирале за да имаат слична заштита, особено оние кои живеат во ладни живеалишта како што се поларните води на Гренланд.

„Антифризните протеини се лепат на површината на помалите ледени кристали и ги спречуваат да прераснат во големи кристали“, вели коавторот од истражувањето Дејвид Грубер , додавајќи:

„Рибите од Северниот и Јужниот Пол независно ги еволуирале овие протеини.“

Протеините против замрзнување првпат беа откриени кај некои риби на Антарктикот пред речиси 50 години. За разлика од одредени ладнокрвни видови влекачи и инсекти, рибите не можат да преживеат ако нивните телесни течности се замрзнат, бидејќи тоа предизвикува формирање на зрна мраз во нивните клетки, буквално претворајќи ги во сладолед.

„Фактот дека овие антифриз протеини еволуирале во голем број различни и неповрзани видови риби покажува колку тие се клучни за опстанокот на овие организми во екстремни живеалишта“, рече Џон Спаркс, друг коавтор на студијата.

„Рибите полжав произведуваат антифриз протеини како и секој друг протеин во нивното тело и потоа ги лачат во крвотокот“, вели Грубер.

„Полжавот“ е еден од ретките видови риби кои живееле меѓу ледените брегови, во пукнатини. Беше изненадувачки што таква ситна риба може да живее во толку екстремно студена средина без замрзнување.

Исто така, ретко се случува арктичките риби да покажат биофлуоресценција, што е способност да ја претвора сината светлина во зелена, црвена или жолта светлина, бидејќи има долги периоди на темнина на половите, особено во зима.

Оваа карактеристика обично се среќава кај рибите кои пливаат во потопли води, а ова е првпат некој вид риба на Арктикот да ја демонстрира оваа способност.

Оваа неверојатна количина на производство на антифриз може да му помогне на видот да се прилагоди на животот во средина под нулата, се вели во истражувањето.

Исто така, се поставува прашањето што ќе се случи со полжав-рибите ако температурата на океаните се зголеми како резултат на глобалното затоплување.

„Поради брзото затоплување на арктичките води, овие видови приспособени на ладна вода ќе мора да се натпреваруваат и со рибите приспособени на потоплите води кои можат да мигрираат на север и да преживеат на повисоки географски широчини“, рече Спаркс.

„Во иднина, производството на антифриз протеини можеби повеќе нема да биде предност за преживување“, заклучи тој.

Фото: Kjetil Kolbjornsrud

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата