Унгарската манекенка и актерка Зита Вас која важи за една од најубавите жени во светот, изгледа не и смета разголена да оди во шопинг.
Зита Вас неодамна беше фотографирана во трговски центар во Мајами, а како што се гледа од фотографијата, атрактивната манекенка за оваа омилена активност на сите жени таа носеше црни хеланки и нешто што потсетува на горени дел од костим за капење.
Целокупниот изглед го комплетираше со бели патики и широка насмевка.
Но, ова не е прв пат таа разголена да шета по улиците, медиумите често ја фотографирале во такво издание.
Да потсетиме, родителите на Зита се Унгарци кои се преселиле во Калифорнија, каде што е родена.
Зита во светот на глумата влезе на 17 години, а се појавуваше во серии како „Californication“ и „Big Time Rush“, а глумеше и во филмот „Children of the Corn“.