Грчева до Османи: Кој лаже и кој е диригиран од странски центри

“Македонскиот народ е писмен и знае да чита што сте му спакувале! Без твојот „центар“ ќе бидеш обична нула!“

20.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Македонскиот народ е писмен и знае да чита што сте му спакувале! Без твојот „центар“ ќе бидеш обична нула!“

Лидерката на Глас за Македонија Солза Грчева го прозва министерот за надворешни работи Бујар Османи да каже како маж кои се тие „центри“ со име кои ширеле лажни вести.

Бујар Османи тврди дека за преговорите со Бугарија се ширеле многу “лажни вести” диригирани од некои странски центри на моќ.

Е сега вака:

Прво, кажи ги како маж тие “центри” со име, бидејќи твојот центар на моќ сите го знаеме.

Второ, ако некој лаже во целиов процес, тоа е Владата и ти лично. До последна секунда криевте документи, лажете дека не преговарате за идентитет, историја и јазик. А за нив единствено преговарате, поточно раздавате тоа што не е ваше. Сигурно не преговарате за цената на пиперките.

Трето, кој воопшто ви верува после играта со Преспа каде лажевте дека нема ерга омнес, па нема уставни промени, па идентитетот бетон…

Не, Бујар. Македонскиот народ е писмен и знае да чита што сте му спакувале. Нему не му требаат “центри” како што ти треба тебе. Без твојот “центар” ќе бидеш обична нула. Ти и твоето криминогено преговарачко-продавачко трговско друштво!, пишува Грчева на ФБ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата