Кралицата на попот Мадона ги шокираше сите со изгледот на лицето, а судејќи по реакциите, многумина и се исплашија за познатата пејачка.
Долго време се зборува дека Мадона повеќе не личи на себе и дека премногу се фотошопира на социјалните мрежи. Таа на ТикТок објави видео во кое е непрепознатлива.
Во видеото кое трае околу половина минута, ја гледаме пејачката како се наведнува напред, а потоа се враќа на почетната позиција, додека праќа бакнежи кон камерата. Во преден план се нејзините огромни усни и лицето кое изгледа поинаку од она што вообичаено го гледаме на малите екрани.
Иако драстично го смени лицето во однос на претходните години, овој пат се работи за специјални ефекти и фотошоп, а сите се согласуваат дека Мадона овој пат претерала.
„Ова е вознемирувачко“, „Тажно е да те гледам“, „Што направи со твоето лице жено?“, „Ова е за да се плашиш“, „Нема граница“, „Жената добро се забавуваше во Фотошоп“, … само дел од коментарите под бизарното видео на Мадона.
@madonna♬ original sound – madonna