Има 37 години И СЕКОЈА ГОДИНА Е ТРУДНА – Го чека 12-ТО ДЕТЕ и тука не е крајот …

25.11.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има 37 години И СЕКОЈА ГОДИНА Е ТРУДНА – Го чека 12-ТО ДЕТЕ и тука не е крајот …

Триесет и седумгодишната Кортни Роџерс е среќна мајка која го чека своето 12-то дете. Таа е бремена секоја година откако се омажила за пасторот Крис во 2008 година.

Овој пар од Санта Фе веќе има единаесет деца: Клинт (11), Клеја (10), Када (9), Кели (7), Кеша (7), Колта (6), Кесија (6), Калена (4), Кајди (3), Корејла (2) и Кериса (1).

И 12-тото бебе пристигнува во март, па семејството, како што вели мајката, веќе штеди пари за новороденчето.

Користат платнени пелени, а за ужина ги јадат плодовите што ги одгледуваат во својата градина.

Кортни била девица кога се омажила, а не користи контрацептивни средства бидејќи, како што вели, не може.

Исто така, таа за странските медиуми изјави дека немаат разбирање од околината, па често ги гледаат со презир или ги осудуваат.

„Луѓето понекогаш не осудуваат. Не сакаат големи семејства и мислат дека не можеме да се грижиме за нашите деца. Не ми е гајле, бидејќи тие се странци кои воопшто не нè познаваат“, изјави таа за странските медиуми.

Сите деца се школуваат дома, а идната мајка е домаќинка која се грижи за фармата.

„Отсекогаш сакав да бидам мајка и да имам големо семејство“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата