Членовите на еврејската религиозна група Лев Таор, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид се подготвуваат да си заминат од Куманово. Тоа, како што од полициски извори дознава „Куманово њуз“, би требало да се случи во текот на вечерта или најдоцна утре.
Претходно, врз куќите каде се сместени припадниците на контроверзната секта, биле фрлани јајца и камења, а искршена е и една од капиите.
Еден од припадниците на оваа еврејска религиозна група за „Телма“ изјави дека тука не се чувствувале безбедно.
– Сакаме да се чувствуваме безбедно, но во овој момент не знам како да чувствувам безбедно бидејќи луѓето доаѓаат тука и… Јас разбирам да не нè сакаат, ама да доаѓаат тука и да фрлаат тука по куќата. Тоа е…, рекол припадникот на групата Лев Таор, контроверзна еврејска религиозна група чии припадници постојано се селат од една во друга држава.
Во Куманово тие дошле од Босна, а во моментов сместени се во две куќи, во една се мажите, во друга жените и децата.