Во Бугарија

ЕВН наметнува авансно плаќање од 50% за компаниите

10.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕВН наметнува авансно плаќање од 50% за компаниите

ЕВН Бугарија започнале со голема авансна наплата на сметките за струја од деловните субјекти во земјата.

Plovdiv24.bg и Буграс24 истражувале алармен сигнал за сметките за струја на деловните субјекти, откако нивни читател им доставил сметки и им напишал на социјалната мрежа Фејсбук:

„ЕВН Бугарија почнува да наметнува авансно плаќање од 50% по последната фактура за наредниот период. Би биле намалени за 2 месеци. ЕВН, дали сте сериозни што немате ликвидност?“, пишуваат бугарските медиуми.

Од компанијата одговориле дека вакви потешкотии за првпат доживува слободниот пазар на електрична енергија.

-Состојбата е комплицирана околу обезбедувањето ликвидност и таква е практика во моментов, коментираат од компанијата за бугарските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата