Серијата „Круна“, која ја прикажува историјата на британското кралско семејство, предизвика многу контроверзии, особено затоа што најомилената принцеза Дајана се појавува во четвртата сезона.
Иако прикажувањето на оваа серија доби популарност меѓу публиката, кралското семејство не беше презадоволно од прикажувањето на овие сцени бидејќи ја нарушуваа нивната приватност. Се чини дека нема да бидат воодушевени ниту со петтата сезона.
Врската меѓу принцот Чарлс и Лејди Ди ќе продолжи да се покрива и во новата сезона, но нивната приказна ќе ја вклучи Камила Паркер, неговата сегашна сопруга.

Според Дејли Мејл, ќе биде прикажано и интервјуто на Дајана со поранешниот новинар на Би-би-си Мартин Башир од 1995 година за емисијата „Панорама“.
„Бевме тројца во тој брак“, му признала Дајана на тогашниот новинар, алудирајќи на аферата на Чарлс со Камила.
Сепак, принцот Вилијам не сака тоа интервју да се емитува. Имено, Војводата од Кембриџ бара интервјуто никогаш повеќе да не се прикажува или спомнува, а Би-Би-Си само делумно да го почитува.
Генералниот директор на Би-Би-Си Тим Дејви изјави дека контроверзното интервју никогаш повеќе нема да се емитува во целост, но дека Би-Би-Си ќе продолжи да користи некои делови од него.
Но, се чини дека „Круна“ целосно ќе го пресоздаде.
„Креаторите го гледаат ова интервју како клучен момент во петтата сезона“, рекол извор за Дејли Мејл.