12 годишно дете се бори за живот по групно силување во Индија

26.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
12 годишно дете се бори за живот по групно силување во Индија

Заменик-шефот на полициската станица во Њу Делхи, Санџај Саин изјавил дека момчето наводно било нападнато од тројца млади момчиња, малолетници познати на жртвата, меѓу кои бил и неговиот братучед.

Инцидентот се случил во Селампур на 18 септември, но во полиција бил пријавен на 22 септември.

„Случајот е под истрага, а двајцата обвинети се уапсени. Сите тројца осомничени напаѓачи се од исто место, биле соседи“, рече Саин, додавајќи дека едно од младите е во роднинска врска со жртвата.

Родителите на момчето изјавиле дека нивниот син е во критична состојба откако напаѓачите го силувале со прачка и брутално го претепале со цигли.

„Момчето не е во добра состојба и можеби нема да преживее“, изјавил претседателот на Комисијата за жени во Делхи (DCW), Свати Маливал за Си-Ен-Ен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата