Истекување на амонијак од цистерна се случило синоќа во населбата Топола кај Панчево. Како што јавуваат српските медиуми, 10 лица со полесно повреди се пренесени во Општата болница Панчево, од кои две се на кислород. Останатите имаат полесни повреди со дишните патишта, а никој немал труење.
Според медиумите, истекувањето се случило околу 23 часот. Полициски и противпожарни екипи се на лице место. ДО истекување дошло на паркингот на фирмата Сага, пренесува Танјуг.
Автоцистерната била паркирана покрај индустрискиот колосек кој не е јавна пруга, туку индустриски колосек кој припаѓа на Азотарницата Панчево.
Евакуирани се жителите од околу десет куќи кои се наоѓале во непосредна близина. Како што се наведува, повеќе нема опасност за граѓаните.