Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа која вечерва се меѓу два автомобила се случила на патот Гостивар-Тетово, после клучката „Камењање“.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека сообраќајката се случила во 20:05 часот.
„Во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со австриски регистерски ознаки и автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки. Повредените лица се пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, вели Реџепи.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради полицискиот увид.
The post Осум лица повредени во сообраќајка на делницата Гостивар-Тетово appeared first on NetPress.

