На дербито од ракометната Суперлига помеѓу Пелистер и Вардар, кое заврши со победа на домаќините, се случи инцидент, при што неколку „Комити“ нападнале полицајци и биле уапсени.
Како што соопшти МВР, во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, уапсени се П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје.
При влегување на навивачката група од Скопје во спортската сала, имало инцидент и биле нападнати неколку полицајци.
Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, бил уапсени Н.Ѓ.(34) од Битола „затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство“.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
The post Испоапсени „Комити“ откако нападнале полицајци во Битола appeared first on NetPress.

