Исчезнат маж пронајден починат, неговото тело извадено од Вардар

25.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исчезнат маж пронајден починат, неговото тело извадено од Вардар

Во водите на Вардар, во атарот на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице.

-На 24.12.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на с.Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице.

По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот, информира МВР.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

The post Исчезнат маж пронајден починат, неговото тело извадено од Вардар appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата