Имено, жена додека расчистувала старо двориште полно со кутии и заборавени предмети, случајно пронашла речиси 6.000 долари во готовина (околу 5.500 евра), за кои целосно заборавила дека ги имала сокриено таму пред неколку години.
Иако се надеваше дека парите ќе ѝ помогнат да ги подмири нагомиланите долгови и да си го олесни животот од скромната пензија, доживеа непријатно изненадување. Кога отишла во „Bank of America“ за да ги положи банкнотите, вработените ги одбиле – бидејќи биле прекумерно оштетени и неупотребливи.
Како што пренесуваат американските медиуми, влагата и текот на времето сериозно го нарушиле состојбата на банкнотите, па банкарскиот систем не можел да ги прифати како важечко средство за плаќање.
Во САД, вакви ситуации ги решава Бирото за гравирање и печатење (BEP), кое им овозможува на граѓаните замена на уништени или оштетени банкноти. Сепак, постапката е сè освен брза – целиот процес може да трае од шест месеци до дури три години.
За разлика од Италија и некои европски земји каде ваквата замена е побрза и поедноставна, во Америка тоа е долг и бирократски предизвик. Тоа значи дека жената, и покрај среќното откритие, ќе мора да чека и понатаму да бара решение за своите долгови, пренесува Биз портал.
Како што самата изјавила за локалните медиуми: „Помислив дека конечно ми се насмевна среќата, а сега не можам ништо да направам со тие пари. Разочарана сум и уморна.“