Во приказната што ја пренесоа странски медиуми, 46-годишната Кристи Де Гарис открива дека живее со двата бивши сопрузи и нивните ќерки во Шкотска.
„Да, сите живееме заедно. Јас, мојот прв поранешен сопруг, мојот втор поранешен сопруг и нашите две ќерки – по една од секој брак – во куќа со четири спални соби, дворно место со чакал и пристапен пат, сместена во село во Шкотска“, раскажала Де Гарис за „People“.
Можеби ќе ве интересира: Продала сѐ што има за да живее на крузер, па ја открила темната страна на таквиот живот
Додава и дека секојдневието не е без предизвици.
„Секако, има гужва во бањата и постојано се води мистерија кој ја потрошил последната доза кафе. Со тројца главни осомничени во куќата, секое утро расправаме кој треба да обуе папучи, да стави капут и шал и да оди до селската пошта“, вели Де Гарис, која првпат се омажила на 21 година, веднаш по раѓањето на првата ќерка. Неколку години подоцна се развеле, следел втор брак и раѓањето на втората ќерка.
„Постари и решени да успееме овој пат, купивме куќа, заедно ги одгледувавме децата и се разделивме непосредно пред пандемијата“, додава таа.
Поради финансиски причини, решиле да продолжат да живеат заедно.
„Тој го презеде приземјето, јас катот, а децата си ги задржаа своите соби. Имаше тензии, секако – истите расправии околу чистењето, трошоците, воспитувањето и непријатната близина без романтика“, искрено признава. И покрај сè, Де Гарис останала „неименувана домаќинка“ – готвела, чистела и работела со полно работно време. Тогаш сфатила дека би ѝ било полесно ако и првиот поранешен сопруг, кој бил во тешка финансиска ситуација, се пресели кај нив.
„Мојот предлог до бившиот број 2 содржеше сè што треба: повеќе време, повеќе помош, помалку стрес, помалку хаос, помалку замерки. Негова фантазија“, се пошегувала. „Речиси и моја. Кога го прашав, се согласи да пробаме. Разговаравме со децата, кои беа воодушевени – и тоа беше тоа.“
Брзо нашле нов ритам и рамнотежа. Атмосферата во куќата станала полесна, иако не без проблеми – особено кога станува збор за готвењето. Кристи одлучила дека повеќе нема да готви додека не научат барем основи.
„Доволно е да се каже дека тоа не помина добро. Бев неразумна, импулсивна. Себична“, рекла таа, но додала дека со текот на времето и двајцата почнале да учествуваат во подготовката на оброци.
Поделбата на обврските не застанала тука.
„Едниот секогаш ги чисти скалите за време на викенд. Другиот редовно го чисти долниот тоалет. Јас ќе пуштам веш, ќе го заборавам – мокар и неизцеден – а подоцна ќе го најдам сушен и сложен во кошница. Машината за садови се празни пред да приметам дека била вклучена. А можеби и најважно: моите ќерки растат гледајќи фер поделба на домашните обврски.
Ние не сме ситком. Ние не сме светци. Ние сме тројца возрасни луѓе на кои им е грижа за истите две девојчиња и решивме дека е подобро да се сложуваме отколку да запалиме сè или да изгориме сами“, заклучила Де Гарис, пренесува Вечерњи лист.