Видео: Мароканец запали цигара од вечен пламен во Париз, потоа е уапсен

6.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Мароканец запали цигара од вечен пламен во Париз, потоа е уапсен

Снимката од Мароканецот како се наведнува да запали цигара користејќи го вечниот пламен на Гробницата на непознатиот војник стана вирална на социјалните мрежи, и веднаш предизвика лавина од коментари и без меѓу корисниците на социјалните мрежи.

Инаку, 47-годишниот Мароканец е легален жител на Франција, но неговата дозвола за престој веројатно ќе биде одземена поради овој непримерен и недостоен инцидент.

„Овој недостоен и тажен чин го поткопува сеќавањето на оние што загинаа за Франција“, рече францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејто.

Настанот го осуди и француската министерка за ветерани и сеќавање, Патриција Миралес.

„Овој пламен не е за палење цигари, туку гори за жртвата на милиони наши војници. Ова е навреда за нашите мртви, за нашата историја и за нашата нација“, нагласи таа.

Гробницата на непознатиот војник е подигната во 1920 година под Триумфалната капија на Шанзелизе во Париз и ги содржи останките на непознат француски војник кој загинал во Првата светска војна. Пламенот е запален во 1923 година и оттогаш гори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата