Необична лубеница - вид што не се гледа секој ден - е одгледувана оваа година во унгарското село Медѓесбоџас,на фармата на Тамас Дарвас, една од лубениците достигна неверојатна тежина од 83,95 килограми.
Била потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина.
Дарваш одгледува лубеници повеќе од три децении, но неговиот пат кон производството на толку огромни плодови не бил случаен. Сè започнало во 1998 година, кога купил десет семиња во САД.
Оттогаш, од година во година, тој ги избирал семињата од најголемите лубеници за да ги користи во наредната сезона. На тој начин, земјоделецот со децении селектирал растенија што даваат сè поголеми плодови.
Дарваш претходно објасни дека станува збор за сорта првично развиена во американската сојузна држава Арканзас, специјално за натпревари во одгледување џиновски лубеници. Според неговите претходни изјави, под соодветни услови, поединечни лубеници можат да достигнат тежина и до 150 килограми.
Годинешниот резултат е особено значаен за него, бидејќи повеќекратно го надмина неговиот претходен забележителен успех.
Во 2023 година, Дарваш го привлече вниманието на јавноста со лубеница тешка 63,25 килограми. Сепак, сега таа граница е поместена за повеќе од 20 килограми.
🍉 A monster watermelon weighing nearly 84 kg was grown in Hungary
— NEXTA (@nexta_tv) August 12, 2026
The giant was grown by farmer Tamás Darvas from the village of Medgyesbodzás, who has been cultivating watermelons for more than 30 years. The fruit is so enormous that carrying it home alone would be quite a… pic.twitter.com/L8uRSNeCFL
Колку изнесува светскиот рекорд?
Иако 84 килограми би биле доволни сериозно да ја оптоварат обичната домашна вага, унгарската лубеница сè уште е далеку од светскиот рекорд. Најголемата официјално регистрирана лубеница во светот тежела дури 159 килограми.
Таа била одгледана од Американецот Кристофер Кент од Сејвил, Тенеси, а рекордот бил потврден на 4 октомври 2013 година.

