Велика Британија под предупредување за топлотен бран – температурите до 34 Целзиусови степени

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Велика Британија под предупредување за топлотен бран – температурите до 34 Целзиусови степени

Портокаловото предупредување за здравствена опасност од високи температури останува во сила за Западен и Источен Мидленд, Лондон, Југоисточна и Источна Англија до 18 часот (17 GMT), откако вчера беа измерени 33,4 степени. Поголемиот дел од остатокот на Англија е под жолт метео аларм.

Највисоките температури вчера беа забележани во Бенсон (Оксфордшир), Рос-он-Вај (Херефордшир) и Нортолт (западен Лондон).

Рекордот за најтопол августовски ден во Британија е 38,5 степени (Фавершам, Кент, 10 август 2003), додека најтоплиот ден во 2025 година досега беше 35,8 степени, исто така во Фавершам, на 1 јули.

Метеоролозите за денеска предвидуваат претежно суво и сончево време, со можност за локални поројни и грмежливи дождови во југоисточните делови попладне, како и врнежи во Шкотска. Утре ќе биде нешто посвежо со температури до 29–30 степени во јужните и југоисточните региони, додека в петок повторно ќе се врати многу топло време со температури до 31 степен на југот и југоистокот.

Здравствените власти предупредуваат дека температурите над 30 степени можат да предизвикаат сериозни здравствени последици кај постарите и лицата со хронични заболувања, па се апелира граѓаните да преземат мерки за заштита од топлината.

Англија во моментов се соочува и со сериозен недостиг на вода – пет региони се во суша, а уште шест во статус на продолжено суво време, што негативно влијае врз земјоделството, екосистемите и ја зголемува опасноста од пожари. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата