Тим стручњаци од Организацијата на ОН, од повеќе делови од сцветот, ги објави резултатите од техничката проценка, по што препорача италијанската кујна да биде запишана како нематеријално културно наследство на човештвото. Ова мислење сега ќе биде проследено до Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО.
Конечната политичка одлука за ова прашање би требало да се донесе на Состанокот во Њу Делхи, Индија, којшто ќе се одржи од 8 до 13 декември.
Доколку Комитетот ја потврди оваа техничка проценка, италијанската кујна ќе стане првата во светот што ќе добие такво признание од УНЕСКО.

