Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел -  откажани сите летови поради националниот протест

Прекини се очекуваат и во јавниот превоз, при што ќе сообраќаат околу 60 отсто од автобусите и трамваите на јавниот превозник „Де Лијн“, соопштија надлежните служби.

Белгиската контрола на летање „Скајс“ соопшти дека нема да може да обезбеди редовно управување со воздушниот сообраќај, бидејќи дел од контролорите на летање ќе учествуваат во протестот. Поради тоа, авионскиот сообраќај ќе биде целосно запрен од 7 до 21 часот.

Од „Скајс“ наведуваат дека сепак ќе бидат обезбедени минималните услуги неопходни за итни случаи и други летови од клучно безбедносно значење. Безбедноста на воздушниот сообраќај, како што нагласуваат, останува апсолутен приоритет.

Сериозни нарушувања се очекуваат и во јавниот превоз во Брисел, како поради можното учество на вработените во штрајкот, така и поради протестниот марш.

Собирањето на демонстрантите е закажано за 10 часот кај северната железничка станица во Брисел, а протестниот марш кон јужната станица треба да започне во 11 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата