Традиционалниот собор во манастирот „Свети Пантелејмон“ го собра народот во молитва и заедништво

9.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Традиционалниот собор во манастирот „Свети Пантелејмон“ го собра народот во молитва и заедништво

Празнувањето започна уште од синоќа, кога многумина запалија свеќи за здравје и благосостојба, а утрово присуствуваа на светата божествена литургија, со која чиночалствуваше митрополитот Брегалнички, г. Иларион.

По богослужбата, за сите присутни беше подготвена традиционална манастирска трпеза.

Соборот на овој манастирски комплекс има вековна историја и претставува традиција што се негува секоја година.

Манастирот се наоѓа во селото Пантелеј, на околу 12 километри од Кочани, во живописните падини на Осоговските планини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата