Тиктокерка го шокира светот: Си го изедов сопственото ребро и човечко месо, има многу лош вкус (ВИДЕО)

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тиктокерка го шокира светот: Си го изедов сопственото ребро и човечко месо, има многу лош вкус (ВИДЕО)

Видеото на тиктокерката брзо „собра“ над 1,8 милиони прегледи, а девојката објасни дека го изела реброто и сопственото месо што хирурзите ѝ го извадиле за време на средношколските денови.

„Синдром на ретка крв“

Таа тврди дека страдала од „синдром на ретка крв“, а по операцијата побарала да ѝ го вратат реброто.

„Од некоја причина, се согласиле“, рекла таа, додавајќи дека ѝ донеле дел од реброто во епрувета, со уште малку месо, објавува Indy100.

Кога се вратила дома, сакала да го отстрани месото за да ја спаси коската, но на крајот ги сварила и ги пробала.

„Реброто има лош вкус“

„Изедов дел од моето месо и едно ребро“, рекла таа пред камерата, додавајќи дека вкусот бил „навистина лош“.

@pterodactylhunny

this is a true story

♬ original sound - evil trickster woman

Корисниците на социјалните мрежи реагираа бурно во коментарите. Некои видоа можност за забава, додека други беа во шок и неверица.

„Сакам да ја отстранат оваа апликација, како што постојано ветуваат“, напиша едно лице, додека друго додаде: „Девојко... не е предоцна да се избрише ова“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата