Светски ден на слободата на медиумите

3.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светски ден на слободата на медиумите

Одбележувањето е воспоставено врз основа на одлука на Генералното собрание на Обединетите нации и по препорака на Генералното собрание на УНЕСКО од 1991 година.

Се одбележува од 1993 година, секогаш на 3 мај, а целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските работници кои ги загубија животите при вршење на својата работа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата