Има два реда за влез - едниот резервиран за вработените во Џорџо Армани, а другиот за граѓаните, објавува Анса.
Меѓу првите што пристигнаа беа градоначалникот на Милано, Бепе Сала, претседателот на Стелантис, Џон Елкан, и неговата сопруга Лавинија, претседателот на Кошаркарската федерација, Џани Петручи, и тренерот на Олимпија, Џани Месина.
Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 4 септември на 92-годишна возраст, објави групацијата Армани.
„Со огромна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила, Џорџо Армани“, се вели во соопштението на модната куќа.
Армани, кој имаше 91 година, беше синоним за модерен италијански стил и елеганција.
Тој го комбинираше дизајнерскиот талент со бизнис-остроумноста, водејќи компанија која генерираше продажба од околу 2,3 милијарди евра (2,7 милијарди долари) годишно, објави Ројтерс.
Тој беше болен веќе некое време и беше принуден да се повлече од ревиите на својата група на Неделата на машка мода во Милано во јуни, прв пат во неговата кариера да пропушти настан на модна писта. Со прекар „Re Giorgio“ (Крал Џорџо), дизајнерот беше познат по тоа што надгледуваше секој детаљ од своите колекции и секој аспект од својот бизнис - од рекламирање до стилизирање на косата на моделите додека одеа по пистата.