Стјуардеса открива кои седишта се најдобри за долги авионски летови

13.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стјуардеса открива кои седишта се најдобри за долги авионски летови

 Според стјуардеса од авиокомпанијата  Вирџин Атлантик (Virgin Atlantic), изборот на вистинското седиште може значително да влијае врз удобноста и квалитетот на патувањето. Таа објаснува дека патниците кои чувствуваат вознемиреност или потешко ги поднесуваат турбуленциите треба да изберат седишта над крилата на авионот, каде движењето е најмало. 

Како дополнителни фактори што влијаат врз лошиот сон на долги летови, стјуардесата ги наведува бучавата во кабината, ограничениот простор за нозе, дизајнот на седиштата и нивото на кислород.

Таа посочува дека најдобро е да се избегнуваат седишта во близина на кујната и тоалетите. Според неа, не може со сигурност да се одреди најтивкото место во авионот, бидејќи тоа зависи од патниците околу нас, а задниот дел често е побучен поради тоалетите, додека пак, за време на ноќни летови дополнителна непријатност може да предизвика светлината и активностите на „екипажот во кујната“, па затоа најдобар избор се седиштата лоцирани околу пет редови од предниот дел или пет редови пред крајот на авионот. Седењето поблиску до предниот дел им овозможува на патниците прв избор на оброци и побрзо напуштање на авионот по слетувањето. Од друга страна, патниците во задниот дел побрзо добиваат храна бидејќи послужувањето започнува од двата краја на кабината, но таму турбуленциите се почувствителни. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата