Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети

16.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети

Одлуката за забрана, донесена во неделата поради протестите, опфаќа одредени средни училишта во четвртиот, шестиот, осмиот, единаесеттиот, тринаесеттиот и седумнаесеттиот париски округ, пренесува денес BFM.

Забраната се однесува и на Техничкиот факултет при Универзитетот Сорбона, кампусот „Пари-Сите“ (Paris Cité), центрите „Рене-Касен“ и „Лурсин“ на Универзитетот Пантеон-Сорбона, како и на дел од Универзитетот Пантеон-Асас.

„Забележани се бројни инциденти и блокади во близина на одредени средни училишта и високообразовни институции во Париз и неговата околина, како дел од едно општествено движење чиј обем и насилство не стивнуваат“, изјави шефот на париската полиција, Патрис Фор, образложувајќи ја одлуката.

Како што појасни тој, овие инциденти резултирале со „уништување на јавен имот, пожари, сериозно насилство врз припадници на образовната заедница, како и судири со органите на редот“.

Тој додаде дека од почетокот на движењето во Париз се приведени 1.548 лица. Шефот на полицијата оцени дека блокадите се предводени „главно од малцинство ученици“, но дека тие ја ограничуваат слободата на движење на сите останати, како и основното право на образование.

„Тие го поттикнуваат гневот кај родителите на некои ученици, кои сакаат да се стави крај на блокадите, што доведе до тензии меѓу тие родители и мобилизираните средношколци“, заклучи тој. Во петокот, градоначалниците на осумте париски окрузи побараа од ректоратот да преземе мерки со кои ќе се овозможи обезбедување на влезовите во блокираните средни училишта, како и излезите од тие установи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата