Тревогата поради ветер е издадена за департманите Манш, Вандеја, Шарант-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, додека предупредување за високи бранови е издадено за департманите Сена-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, пренесува БФМ.
Невремето Бенжамен влезе во Франција синоќа преку Ла Манш, носејќи силен ветер и бранови долж атлантскиот брег.