РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

30.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

 Во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места,  затоа потсетуваме:

•Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици.

•Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол.

•Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот.

•Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта.

•Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот.

•Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања.

•Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на истите задолжително на глава да носат сигурносна опрема  - кацига.

Почитувајте ги пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот и не заборавајте – секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас!

РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата