ПСЖ загуби 1,7 милиони луѓе на Инстаграм по заминувањето на Меси

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПСЖ загуби 1,7 милиони луѓе на Инстаграм по заминувањето на Меси

ПСЖ најави заминување на аргентинскиот напаѓач во саботата, непосредно пред последниот натпревар сезонава со Клермон (2:3).

Пред објавувањето на заминувањето на Меси, ПСЖ имаше 70,4 милиони следбеници на Инстаграм. Страницата сега има 68,7 милиони следбеници, што е намалување за 1,7 милиони.

Исто така, неколку десетици илјади навивачи се откажаа од твитер профилот на Пари Сен-Жермен. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата