Повеќе од сто вработени во Советот за национална безбедност во Белата куќа испратени се на принуден одмор во рамките на реструктурирањето што го спроведува привремениот советник за национална безбедност и државен секретар Марко Рубио, јави Си-ен-ен (CNN), повикувајќи се на неименувани извори.
Шефот на кабинет на Националната социјална служба Брајан Мекормак вчера по 16 часот (локално време) преку електронска пошта ги известил вработените дека се испратени на принуден одмор и оти имаат 30 минути да го напуштат работното место.
Меѓу испратените на принуден одмор се и службеници од кариера, како и политички службеници за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Советот за национална безбедност е составен од експерти за надворешна политика и е координативно тело за надворешната политика на претседателот.