Папа Лав Четиринаесетти: Спортот е важен за човештвото, почитувајте го олимпиското примирје

6.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папа Лав Четиринаесетти: Спортот е важен за човештвото, почитувајте го олимпиското примирје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти го повтори својот апел за почитување на олимпиското примирје за време на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, во неговата порака за вредноста на спортот објавена денеска, на денот на церемонијата на отворање.

„Во светот жеден за мир“, вели папата, „ни се потребни алатки кои можат да стават „крај на злоупотребата на моќ, покажувањето сила и рамнодушност кон владеењето на правото“.

„По повод претстојните Зимски олимписки и Параолимписки игри од срце ги охрабрувам сите нации повторно да го откријат и почитуваат овој инструмент на надежта, а тоа е олимпиското примирје, симболот и ветувањето за помирен свет“, се наведува во пораката насловена „Живот во изобилство“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Папата во пораката наведува дека размислува за начините на кои спортот го поттикнува човечкото братство и им помага на поединците да се стремат кон она што е добро и свето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата